Легендарниот Тевез завршил во болница, се пожалил на болка во градите

Прославениот аргентински фудбалер Карлос Тевез, е примен во болница во Буенос Аирес откако се пожалил на болки во градите. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јуентус, ја мина ноќта во болницата во квартот Сан Исидро, каде што извршил и детални прегледи.

Моментално Тевез е тренер на аргеинтнскиот тим Индепендиенте, а неговиот клуб потврди дека тренерот завршил во болница.

„Нашиот тренер Карлос Тевез замина во болница Лан Тринидат во Сан Исидро со болки во градите. Таму се направени тестови и резултатите се задоволителни. Карлос денеска ќе биде подложен на нови тестови кои се дел од рутински преглед, и ќе биде задржан во болница додека не заврши со сите тестирања“, објави клубот.

Се вчитува...