Македонската амбасада во Тирана изрази длабоко сочувство до семејството на Славица Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици, при Универзитетот во Тирана. -Денес нашата Амбасада ја обви тишина и тага. Замина нашата драга колешка, професорката и лектор по македонски јазик на Универзитетот во Тирана, Славица Свидерска – жена со благородна душа, тивка, силна и со неизмерна љубов кон ...

Македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), смртта на професорката Славица Свидерска, ја смета за огромна загуба на верниот чувар на македонскиот јазик и култура. -Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Славица Гаџова Свидерска, лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана, поетеса, преведувач и доктор на филолошки науки. Во име на Македонците во Албанија изразуваме ...