Нивото на водата почна да опаѓа во Нова Каховка, најмалку седум лица се водат како исчезнати

од Stefanija Kuzmanovska

Водата која го поплави украинскиот град Нова Каховка во Херсонската област, откако пукна браната Каховка, утрово продолжи да се повлекува, соопштија градските власти.

„Нивото на водата почна да опаѓа на претходно поплавените улици на Нова Каховка“, соопшти проруската управа на градот Нова Каховка, кој беше заземен од Русија на самиот почеток на нападот врз Украина, пренесува ТАСС.

Во вторникот попладне, сателитски снимки направени од компанијата „Максар Технолоџис“ покажуваат поплавени области во јужна Украина, како и браната Нова Кахковка и хидроелектраната, кои во голема мера беа уништени во експлозијата.

Најмалку седум лица се водат како исчезнати

Спасувачите во Нова Каховка трагаат по најмалку седум лица откако областа беше поплавена поради уништување на инфраструктурата на хидроцентралата Каховка, изјави началникот на градскиот округ Владимир Леонтиев, пренесува „Интерфакс“.

Браната Каховка во јужна Украина беше уништена вчера, а водата од акумулацијата се излеа и ја поплави околината.

Во Нова Каховка е прогласена вонредна состојба, а населението се евакуира.

Слични содржини