Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост и наскоро ќе биде пуштен за сообраќај

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Михаил Гаревски, професот од Институтот за сеизмички отворени градби и климатски промени, истакна дека мостот „Беласица“ во Скопје кој беше затворен неколку месеци поради пожар, го издржал тестот за носивост, и дека е подготвен да биде пуштен во сообраќај и за тешки товарни возила.

„Битката за мостот „Беласица“ падна, мостот „Беласица“ не падна“,  напиша Гаревски на фејсбук.

Мостот Беласица беше затворен откако пожарот ја оштети неговата конструкција. Пред неколку месеци беше делумно отворен, односно само по една сообраќајна лента во двата правци, а пред неколку дена поради дополнителни тестирања, целосно затворен одново.

Не е познато кога истиот целосно ќе биде пуштен во употреба.