Огромни нереди во Брисел, откако Беглија изгуби од Мароко


Судири избија во Брисел по победата на Мароко над Белгија, на Светското првенство во фудбал во Катар.

Десетици луѓе ги нападнале редарите, објави полицијата. Пред крајот на натпреварот, „десетици луѓе, меѓу кои и маскирани, предизвикаа судар со редарските служби во центарот на градот, со шѕо ја загрозија јавната безбедност“, се наведува во полициското соопштение.

Полицијата наведува дека насобраните употребиле пиротехнички средства и палки, а со камења ги гаѓале редарите и запалиле семафор, а на една улица избил и пожар.

„Еден новинар е погоден во лице со пиротехничко средство“, јави полицијата која одлучила да интервенира соводени топови и солзавец.

Стотина полицајци учествувале во интервенцијата додека незадоволните ги гаѓале со камења.

Редарите ги повикаа жителите и навивачите да избегнуваат некои населби во центарот на градот. Станиците на подземната железница се затворени, а улиците блокирани за да се спречи собирање.

„Најостро ги осудувам инцидентите кои се случија денеска попладне. Полицијата веќе одлучно интервенираше. Им препорачувам на навивачите да не доаѓаат во центарот на градот. Полицијата настојува со сите средства да го зачува јавниот ред“, напиша на Твитер градоначалникот на Брисел Филипе Клосе. „Им наредив на полицајците да пристапат кон административно апсење на предизвикувачите на нереди“, додаде тој.