Се враќаат легендарните Миле, Тошо и Цацко

Триото К-15 или Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки за на пролет најавуваат спектакуларен камбек. Со шоу во живо ќе ја одбележат 30-годишнината од, како што велат, дружбата со гледачите.

„Да заокружиме 30 години дружба со едно големо финале и шоу со многу енергија, легендарни скечеви, музика, но и многу нови работи кои веруваме ќе ве насмеат онака како што само К-15 може!“, се вели во нивната објава на Инстаграм.

Шоуто е закажано за 16 мај 2025-та година во СЦ „Борис Трајковски“. Картите ќе бидат пуштени во продажба уште на 15-ти декември годинава, односно во недела. Купете карта да не ви биде криво!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни