Едвардс не сака да го споредуваат со Џордан

од Vladimir Zorba

Ентони Едвардс постигна 43 поени во првиот натпревар од полуфиналната серија од НБА плејофот меѓу Минесота Тимбервулвс и Денвер Нагетс и со тоа ги предводеше „волците“ до победата над актуелниот шампион (106:99).

Младиот кошаркар од франшизата Минеаполис со тоа стана првиот играч по Коби Брајант кој постигнал 40 или повеќе поени во два последователни натпревари во плејофот. Тој исто така постигна 40 поени против Феникс Санс во претходното коло, испраќајќи ги Кевин Дурент, Девин Букер и Бредли Бил на рана пауза.

Потоа следеа пофалби од бројни НБА легенди. Тимбервулфс го добија својот прв вистински лидер по Кевин Гарнет, но повеќето сепак зборуваа за него како „Бебето Мајкл Џордан“. Иако несомнено му се допаѓа споредбата, Едвардс реши да ги задржи нозете на земја.

„Сакам споредбите да престанат. Тој е најдобар на сите времиња. Не можам да се споредувам со него“, накратко ја прокоментира Едвардс споредбата со шесткратниот шампион во НБА.

Слични содржини