Сер Ферги, знаете ли дека овој тим може да освои титула пред Јунајтед? Тоа НИКОГАШ!

Легендата на шкотскиот и британски фудбал, Сер Алекс Фергусон, кој долги години го менаџираше Манчестер Јунајтед успешно, даде една прогноза околу тоа кој не би можел да ја освои титулата во Премиерлигата.

Многупати и често се прогнозира кој би можеле да бидат тимовите во европските првенства кои можат да го освојат првенството од својата земја, но овој пат Алекс Фергусон тргна по спротивното, потенцира кој тим во Премиерлигата од врвот, не би можел да ја освои титулата наскоро.

– Мислам дека Тотенхем последен пат ја освоија лигата 1961 година, тоа беше многу одамна. Посебно со Ливерпул и Манчестер Сити кои се сега надмоќни во Премиерлигата, тешко дека ќе се носи со нив и ќе освои титула, тешко.

Шкотскиот стратег имаше и еден друг одговор на прашањето, односно констатацијата на еден од новинарите, кој рече дека дури и Тотенхем би освоил титула во Премиерлигата, пред овој Манчестер Јунајтед. Алекс Фергусон на тоа одговори само кратко.. „Никогаш!“.

Манчестер Јунајтед последната титула во Премиерлигата ја освои токму под негова јурисдикција, односно во неговата последна сезона од кариерата, 2012/13.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО