Утрински Весник
Македонија

„Замисли“ со голема граѓанска акција: Стоп за партиските вработувања во здравството!

Fuxinakxsam1bu4.jpg
Ss2

Законот за здравствена заштита им овозможува на партиски назначените директори на болниците да си го искористат своето законско, дискреционо право и тие самите да изберат кого ќе вработат, без разлика на резултатите на кандидатите: “…без разлика на постапката на конкурсот, постапката на изборот е оставена на дискреционото овластување на одговорните службеници“…, се наведува во Извештајот „Дискрециони овластувања во законодавството кое го регулира вработувањето во областа на здравството“, изработен во рамки на проект на ЕУ за поддршка на државната реорганизација.

Но, дека овие овластувања се проблем, не се гледа само од извештаите и анализите на ЕУ.

Img 5587

Примерите кога најквалитетните кандидати се одбиени, или кога директорот си вработува по партиски список се секојдневни и се и низ вашите извештаи и анализи. 

Јасно е дека е потребна итна акција за ова да се промени.

Ваквата практика не е само погубна за граѓаните, кои поради негативната селекција на лекари добиваат неквалитетна здравствена заштита, туку и за самите способни лекари кои соочени со бруталната партизација, спасот го бараат надвор.

Партиите нема да ги направат потребните измени без силен граѓански притисок. 

„Солуција“ преку граѓанската сила “Замисли“ заедно со еснафските лекарски организации, Здружението на млади правници и со поддршка на Делегацијата на ЕУ, согласно европските стандарди, почнува голема, општествена акција за соочување со проблемот и за негово решение. 

Во месеците што следуваат низ различни активности, јавни дебати и лични сведоштва на македонски лекари, дел тука, дел веќе заминати – ќе ви ги откриеме големината и сериозноста на овој проблем, а ќе изработиме и понудиме и – солуција. 

Бараме поддршка од сите доктори, сите експерти, целокупната преостаната здрава сила низ македонскиот и здравствен и државен систем – и се разбира – од сите граѓани! 

Нашите лекари заслужуваат фер игра и селекција базирана на заслуги!

Нашите граѓани заслужуваат саглам здравство!

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани