Top Sport

(Видео) НБА го казни Џамал ​​Мареј

НБА го казни Џамал Мареј за инцидентот на вториот натпревар против Минесота.

Во поразот на неговите Нагетс против Тимбервулфс (106:80), Мареј ги загуби нервите и во напад на бес фрли шише со вода на теренот во моментот кога Денвер беше во напад.

Мареј доби техничка грешка во текот на самиот натпревар, не имаше среќа што не доби суспензија за наредниот натпревар.

НБА објави дека кошаркарот на Денвер е казнет парично со 100.000 долари.

Scroll to Top