Бомба од Шпанија: Чави се премисли за заминување, но бара гаранција… се зависи од Лапорта

Само ден по разочарувачкиот пораз од Реал Мадрид во вечното дерби на шпанското првенство со што се стави крај на надежта за можен трофеј оваа сезона, навивачите на Барселона добија вести кои ќе ги развеселат. Имено, тренерот Чави го променил својот став и цели да остане на клупата на каталонскиот тим и следната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.

И покрај тоа што најави заминување од клупата на Барселона на крајот на сезоната, добрата игра на неговиот тим во последниот период го променило мислењето на младиот стартег. Чави е задоволен од напредокот и гледа иднина со овој тим, но за да остане дел од клубот и претседателот Жоан Лапорта ќе мора да исполни некои негови услови.

Истите се поврзани со трансфери кои треба да се случат престојното лето бидејќи Чави бара гаранција дека неговиот тим дополнително ќе се засили.

Не е тајна дека Барселона е сериозно заинтересирана за Бернардо Силва, се споменува и Дани Олмо, но и поефината опција за засилување на средината на теренот – Гвидо Родригез од Реал Бетис.

Се вчитува...