Најдобриот фудбалер на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе проговори за целите за Светското првенство во 2022 година и за наградата „Златна тпка“.

Запрашан дали сонот за Златната топка го мотивира на ова Светско првенство, Мбапе одговори:

– Да бидам искрен, не. Мојата единствена цел е да го освојам Светското првенство. Ова е мојот сон, ова е мојот единствен сон. Затоа дојдов овде. Но, секако, ќе бидам среќен ако ја добијам Златната топка.

Оваа сезона 23-годишниот напаѓач постигна 19 гола на 20 натпревари за ПСЖ. На СП 2022 во Катар, Мбапе веќе го постигна петтиот гол на турнирот. Исто така, напаѓачот стана најмладиот автор на пет гола во плеј-офот на светските првенства по Пеле во 1958 година.

Мбапе заврши на шестото место во изборот на Златната топка во 2022 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.