Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија доби незгодна група за СП во 2023 година

Објавено

на

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги дозна ривалите за Светското првенство кое наредната година од  12 до 29 јануари ќе се одржи во Полска и Шведска.

Ждрепката во Катовице ни донесе тешка, незгодна група во која ќе ги одмериме силите против Норвешка, Холандија и Аргентина. Норвежаните веќе подолго време се при самиот врв на светскиот ракомет, додека „лалињата“ и „гаучосите“ се селекции кои никогаш не можете да ги потцените, селекции кои знаат да изненадат репрезентацјаа од највисок ранг.

Избраниците на Лазаров своите средби од првата фаза ќе ги играат во Краков.

Групи за СП:

А-Шпанија, Иран, Чиле, Црна Гора

Б-Полска, Словенија, Саудиска Арабија, Франција

Ц-Шведска, Уругвај, Африка (2), Бразил

Д-Исланд, Јужна Кореа, Унгарија, Португалија

Е-Германија, Африка (5), Србија, Катар

Ф-Норвешка, Аргентина, Холандија, Македонија

Г-Хрватска, САД, Африка (1), Африка (3)

Х-Данска, Африка (4), Бахреин, Белгија

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни