Поврзете се со нас

Лига Европа

Леверкузен со пеколен финиш ја продолжи неверојатната серија и закажа битка за титулата со Аталанта (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Екипите на Баер Леверкузен и на Аталанта ќе водат битка за трофејот во Лига Европа, натпреварување во кое завесата ќе биде спуштена на 22 мај во Даблин.

Бундеслигашот со пеколен финиш успеа да се избори за реми со Рома од 2-2 и со тоа со вкупни 4-2 да ја мина полуфиналната фаза.

„Волчицата“ беше на добар пат да се избори за продолженија на „Бај Арена“ со оглед на тоа што водеше со 2-0 до 82 минута со двата гола од пенал на аргентинскиот репрезентативец Паредес.

Меѓутоа домаќините како многупати сезонава покажаа карактер, па така прво намалија на 2-1 преку автоглот на Манчини за да во 97 минута Станишиќ стрела за конечни 2-2. Со ова избраниците на Чаби Алонсо ја продолжија неверојатаната серија, тие поставија нов рекорд и сега се 49 мечеви без пораз во сите натпреварувања во актуелнава кампања.

Во Бергамо пак Аталанта не дозволи никакво изненадување и го суреди Олимпик Марсеј со 3-0. Триумфот беше најевен од Лукман во 30 минута, резултат кој беше активен до второто полувреме кога Руџери и Туре стрелаа уште по еднаш за славје и европско финале за калчолигашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни