Денес роденден слави актерката Арна Шијак

Арна Шијак е родена на 30 април 1976 година во Скопје како ќерка на ликовниот уметник Томо Шијак. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во 1999 година, во класата на проф. Кирил Ристески и проф. Владе Цветаноски. На сцената на МНТ дебитира уште во студентските денови, во претставата „Вишновата градина“, во режија на Љубиша Георгиевски, 1998 г. со улогата на Ања Рањевска. Вработена е во Македонскиот народен театар од 2010 година.

Театрографија;


  • Актерката (Без галама, 2018), автор: Мајкл Фрејн, а во колективна адаптација, режисер: Тони Михајловски, копродукција: Македонски народен театар и Брачна игра“;
  • Тања (МАММА МИА!, 2017), музика и текст: Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, текст: Кетрин Џонсон, по приказната на: Џуди Крејмер, режисер: Наташа Поплавска, копродукција: Македонски народен театар и Проспот-Словенија;
  • Актерката (Говорна мана, 2017), автор: Горан Марковиќ, режисер: Драгана Милошевска – Попова, продукција: Македонски народен театар;
  • Мајката (Соларис, 2016), автор: Станислав Лем, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
  • (Викај ги среќа, 2016), режисер: Златко Славенски;
  • Клеопатра Максимовна (Животот е перкрасен, 2015), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
  • Велма Кели (Чикаго, 2015), автори: Фред Еб и Боб Фос, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • Телохранител на Клитемнестра, Негувателка на Електра и Орест (Електра, 2014), автори: Есхил, Софокле, Еврипид и Жан-Пол Сартр, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
  • Самовилата Берилин, Сосетката Берленго (Сината птица, 2014), автор: Морис Метерлинк, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Шарлота Корде (Аферата Елсинор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Хинг Гиу Миу (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Албин, витез Де Ла Тремуј (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • (Животот е сон, 2012), автор: Педро де ла  Барка Калдерон, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар;
  • Лисицата (Декамерон, 2012), автор: Џовани Бокачо, режисер: Боњо Лунгов, копродукција: Македонски народен театар  и Театар за деца и младинци – Скопје;
  • Глас (Психоза 4.48, 2011), автор: Сара Кејн, режисер: Ѓорѓи Јолевски, копродукција: Македонски народен театар со Театар „Квартет“;
  • (Копнеж по целина, 2011), автор: Матеја Матевски, режисер: Ристо Алексовски, продукција: Македонски народен театар;
  • Марија Тимофеевна Лебедјаткина (Бесови, 2011), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Марија (Така било пишано, 2010), автор: Сашко Насев, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
  • Д-р Бренон, Келнерката (Темпирана опера, 2010), според „Опера за три гроша“ и „Пеколен портокал“, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
  • Елена (Дипломец, 2004), автор: Чарлс Веб, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
  • Вендела Бергман (Будење на пролетта 2000, 2000), автор: Франк Ведекинг, адаптација: Огнен Георгиевски и Златко Славенски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Ќерката (Песочна сложувалка, 1999), автор: Јана Добрева, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Македонски народен театар;
  • Лулу (Шопинг енд факинг, 1998), автор: Марк Рејвенхил, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Европа (Среќата е нова идеја во Европа, 1997), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Владо Цветановски, продукција: Драмски театар – Скопје;
  • Ања (Вишновата градина, 1997), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје;
  • Еуфорион (Фауст, 1997), автори: Јохан Волвганг вон Гете и Хајнер Милер, режисер: Ѓорѓи Јолевски, продукција: Драмски театар – Скопје;
  • Луси (Опера за три гроша, 1996), автор: Бертолд Брехт, режисер: Владо Цветановски, продукција: Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

Од филмските улоги на Арна Шијак ги издвојуваме;

  • Луција (Dust Flowers, краткометражен филм, 2021), режисер: Мирослав Илиќ;
  • Нада (Состојба на шок, 2010), режисер: Андреј Коша;
  • Девојката со сребрена коса (Тајната книга, 2006), режисер: Владо Цветановски;
  • (Самитот на шаманите, 2006), режисер: Александар Станкоски;
  • (Како лош сон, 2003), режисер: Антонио Митриќески;
  • Цветанка (Ноќ спроти Св. Василиј, 2001), режисер: Иван Митевски;
  • Ремза (Џипски меџик, 1997), режисер: Столе Попов.

Добитничка е на наградата „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 1997 година, за улогата на Европа во претставата „Среќата е нова идеја во Европа“.


Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика да и го честита роденденот на Арна и да и посака многу здравје и уште многу успеси на професионален план.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …