Хаос во средно училиште – повеќе луѓе избодени со нож? Хеликоптери кружат околу зградата


Затворено е средно училиште во Велс, Велика Британија, а хеликоптери кружат околу зградата, откако таму се случил напад, при што повеќе луѓе се прободени со нож, јавуваат британските медиуми.

„На сите студенти и вработени им беше кажано да останат мирни и да ги исклучат телефоните. Наводно, неколку лица биле избодени со нож“, велат од училиштето.

Станува збор за училиштето „Исгол Дифрин Аман“, како што пренесуваат британските медиуми.

Се наведува и дека надвор од училиштето пристигнуваат родителите на децата кои останале внатре во училиштето во кое настава посетуваат околу 1.000 ученици.

На социјалната мрежа Х беше споделена информација дека неколку лица се избодени со нож. Репортерот на Би-би-си јавува дека има повеќе повредени.

Според неофицијални информации, прободувањето се случило во училишниот двор.

Пријавено е дека околу училиштето кружат два хеликоптери, а на лице место има и неколку екипи на брзата помош.

Родителите за британските медиуми изјавија дека околу училиштето има силно полициско присуство, а очевидци пријавиле дека виделе два и два хеликоптери на брза помош како слетуваат во близина.

Има извештаи дека на студентите им било кажано да не ги користат своите телефони за време на заклучувањето.

Репортерот на Би-би-си јавува дека има повеќе повредени.