На денешен ден е роден истакнатиот македонски академски сликар, мозаичар и професор Газанфер Бајрам

Газанфер Бајрам е роден во Скопје на 17 март 1943 година. Завршил постдипломски студии на Отсекот за монументално сликарство на Академијата за ликовна уметност во Белград. Специјализирал фреско-сликарство и мозаик. Две години работел на Отсекот за мозаик на Академијата за убави уметности во Равена.

Мозаиците се изложени во музеи и во приватни колекции во Македонија, Италија, Турција, Канада, САД, Австралија, Бугарија и во многу градови на поранешна Југославија. Автор е на Мозаиците во МНТ во Скопје, во Собранието на Македонија, во ВИП-салата на аеродромот „Александар Велики“. Учествувал на многу групни и самостојни изложби.


Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и му го честита роденденот на Газанфер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: Денес се сеќаваме на нашиот историчар на уметност и ликовен критичар Димче Коцо

Димче Коцо е роден во Охрид на 10 октомври 1910 година. Тој беше истакнат македонски …