Бостон и Оклахома сити ќе ги добијат противниците во плејофот, Њу Орлеанс и Мајами без своите најголеми ѕвезди ќе бркаат победи (Фото)

Вечерва ќе бидат познати последните два тима кои преку плејин турнирот ќе обезбедат пласман во плејофот во НБА-лигата, по еден од Западната и Источната конференција ќе игра во разигрувањето за титулата.

На Западот за последното осмо место во плејофот и дуелите со Оклахома сити тандерс, ќе играат Њу Орлеанс пеликанс и Сакраменто кингс. Ова е втора и последна шанса за Њу Орлеанс бидејќи во мечот за седмото место загуби од ЛА Лејкерс (106:110), а голем хендикеп ќе претставува отсуството на најдобриот играч, Зајон Вилијамсон.

Вилијамсон во дуелот со Лејкерси се повреди во последната четвртина откако постигна 40 поени, а докторите не му дадоа зелено светло да настапи вечерва.
Сакраменто пак, беше подобар од Голден стејт вориорс (118:94) и е благ фаворит за триумф вечерва (1.95) иако Њу Орлеанс славеше на сите пет меѓусебни меча сезонава.

На Истокот, за последното осмо место во плејофот ќе играат Мајами хит и Чикаго булс.
Мајами во дуелот за седмото место загуби од Филаделфија (105:104), додека Чикаго ја совлада Атланта со 131:116 и с избори за дуел со Жешките кои ќе мора да играат без својот најдобар играч, Џими Батлер.

Победникот од овој дуел во првата рунда од плејофот ќе игра против Бостон селтикс.

Во Sport Life има и 24-ца кошаркари кои ќе играат доцна вечерва на овие два меча, а на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат.

 

- Оглас -

Најнови вести