еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Косово доби препорака да стане членка на Советот на Европа, „за“ гласаа и пратеници од Македонија

Косово доби препорака да стане членка на Советот на Европа, што е претпоследниот чекор до целосно членство.

Парламентарното собрание на Советот на Европа синоќа со двотретинско мнозинство го усвои извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани, добро позната и на македонската јавност, со кој се препорачува Косово да биде покането да стане членка на Советот.

„За„ гласаа 131 пратеници од 171 присутни, „против“ беа 29, а „воздржани“ 11 пратеници.

Меѓу пратениците кои гласаа „за„ се и  Дарко Каевски од СДСМ и Арта Билали-Зендели од ДУИ.

Сега Парламентарното собрание на Советот треба да го испрати предлогот за прием на Косово до Комитетот на министри за надворешни работи, кој треба да ја донесе конечната одлука со двотретинско мнозинство. Истиот треба да се одржи на 16 и 17. мај во Стразбур.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ден на срам во Советот на Европа, за првпат е препорачано членство на нешто што не е држава„: Реакции во Србија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Како да платите патарина со смарт-картички, каде да ги купите и колку ќе чинат

Редакција

Вооружена група блиска до власта избркала полицајци од Арачиново, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Засега нема причина за зголемување на цената на струјата, вели Бислимоски

Редакција