Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во првиот круг на претседателските избори имаат 141.167 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии, гласањето веќе тече, а освен неколку мали технички проблеми со фингер и УВ апаратите не се забележани други проблеми. Според изборните комисии техничките проблеми се надминуваат и не влијаат на изборниот процес.

Инаку, во Југоисточниот плански регион се гласа во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово.

Вчера гласаа болните и изнемоштените и затвореници од затворите во Струмица и Гевгелија.