Шефот на кинеската дипломатија: Односите меѓу Кина и Русија ќе донесат глобален мир

од Stefanija Kuzmanovska

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска изјави дека односите меѓу неговата земја и Русија се фактор кој ќе донесе глобален мир и стабилност.

„Ние сме добри соседи, добри партнери и ги претставуваме силите на доброто во светот“, изјави кинескиот министер за надворешни работи за ТВ „Русија 1“, пренесува ТАСС.

Според Чин Ганг, односите меѓу Русија и Кина се засноваат на заеднички интереси и не претставуваат закана за ниту една друга земја.

Слични содржини