Поврзете се со нас

Шпанија

Кубарси: Ова е остварување на сонот…

Објавено

на

foto:twitter.com/SEFutbol

Талентираниот Пау Кубарси игра одлично во дресот на Барселона, а тоа му донесе повик во националниот тим каде вчера ги одигра и првите минути за шпанската сениорска репрезентација и тоа во пресметката со Колумбија.

Тинејџерот влезе во самата завршница на местото на Лапорт и со тоа испиша историја, стана најмлад дефанзивец кој дебитирал за „црвенета фурија“ и севкупно втор играч кој заиграл за сениорската селекција по Ламин Јамал.

-Многу сум горд на моето деби бидејќи тоа беше сон што го имав уште од детството. Благодарен сум за довербата на тренерот и ќе се обидам да извлечам најдоброто од тоа давајќи го максимумот од себе. Секогаш се трудам да бидам јас и да играм мирно,-порача Кубарси.

Инаку Шпанија ја загуби пресметката со Колумбија со 1-0.

Колумбиска лекција за Шпанија: Диаз му ја сокри топката на Вивијан, Муњоз погоди акробатски (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни