Поврзете се со нас

Шпанија

Само два клуба од Ла Лига не му ја честитаа титулата на Реал Мадрид (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Последниот судиски свиреж на „Монтиливи“ во саботата означи крај на математичките шанси за двата каталонски тима да се борат за титулата, па така Реал Мадрид на четири кола пред крајот стана нов шпански шампион.

„Кралевите“ по 36-ти пат ја освоија титулата во домашното првенство и тоа го направија на доминантен и импресивен начин, заслужено триумфирајќи во сезоната во која досега запишаа само еден пораз, оној од Атлетико во дербито на „Метрополитано“.

Тимот на Карло Анчелоти повторно ги израдува мадридистите кои чекаа две години за нова титула во Ла Лига, но ако Барселона беше една од првите кои честиташе за новиот голем успех, има и такви кои воопшто не му честитаа на најуспешниот клуб во Шпанија.

Според анализата на „АС“, само два клуба од Примера не му честитале на Реал за освоената 36-та титула, а тоа се градскиот ривал Атлетико, како и Кадис.

Токму Кадис беше тимот против кој Реал победи со 3:0 изминатиов викенд, па овие два клуба се единствените кои направија исклучок и кои не се дрзнаа да испорачаат честитка за успехот.

Атлетико не го направи тоа и пред две години, а интересно Реал имаше доблест да честита кога тимот на Чоло Симеоне беше најдобар во 2021-ва година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни