Поврзете се со нас

Англија

Њукасл избрал италијански тренер за наследник на Хау

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/NUFC

По минатата одлична сезона во која Њукасл избори место во Лигата на шампионите, актуелнава „црно-белите“ не можат да повторат истиот успех и според медиумите веќе се во потрага по нов менаџер.

Еди Хау веројатно нема да остане на клупата на Њукасл по завршувањето на сезоната, а главен фаворит за негов наследник е Маурицио Сари.

Италијанскиот стручњак работеше во Челси и остави солиден впечаток пред да се врати во татковината каде го презема Јувентус, за потоа да биде тренер на Лацио.

Дел од италијанските медиуми тврдат дека Сари веќе добил конкретна понуда од Њукасл и нема да биде изненадување ако 65-годишниот стручњак потврди враќање во Премиер лигата.

За Сари се интересираат и неколку членови на Серија А, кои веројатно ќе направат тренерска смена по крајот на сезоната, па самиот тренер ќе треба да одлучи што ќе му биде приоритет при одредувањето на следната фудбалска функција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни