Скопје

Со експлозив разнесен банкомат во Бутел

Утрово со експлозив бил разнесен банкомат во скопската населба Бутел. Инцидентот се случил кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Полицијата е на терен и во моментов се врши увид на местото на настанот.

Пред повеќе од шест месеци се случи сличен напад кога вооружени лица со пиштол му се заканиле на обезбедувањето на деловен објект во Топанско Поле, а потоа поставиле експлозив на четири банкомати лоцирани во близина.

На почеток