На само 1,9 светлосни години од Земјата откриена огромна црна дупка

- Advertisement -

Космички гледано на само еден чекор од нас астрономи наидоа на неочекувано откритие. Стуткана до ѕвездата Акила, на само 1,9 светлосни години од Земјата се наоѓа Gaia BH3, црна дупка со вчудовидувачки размери.

Со неверојатни 33 пати поголема маса од Сонцето, Gaia BH3 е најмасивната црна душка со ѕвездена маса кога вило идентификувана во нашата галаксија. Она што е посебно интригантно е нејзината скромна природа и тивкото кружење околу ѕведата-придружничка, без да привлекува внимание на себе.

- Advertisement -

Ова е откритие кое се прави еднаш во жвотот, вели астрономот Пасквале Пануцо од францускиот /национален центар за научни истражувања и член на колаборацијата Gaia, а неговото изненадување го дели и пошироката астрономска заедница.

Црните дупки со ѕвездена маса се родени од остатоци од експлозија на супернова на масивна ѕвеџда и вообичаено се големи околу 65 пати колку Сончевата маса. И покрај проценките кои сугерираат дека во Млечниот пат може да се соберат до 100 милиони црни дупки, тие и понатаму се недостижни поради немањето видлива светлосна емисија.

- Advertisement -

Астрономите користат недиректни методи за откривање на тие космички енигми, како што е честото набљудување на движењето на придружните ѕвезди фатени во замката на гравитацијата на црната дупка. Вселенската опсерваторија Gaia, која педантно ги мапира ѕвездите на Млечниот пат, игра клучна улога во таа потрага.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -