Двајца клучни играчи на Рома се враќаат за Баер Леверкузен

Рома ќе биде значително засилена за претстојниот полуфинален меч од Лигата на Европа против Баер Леверкузен откако двајца клучни првотимци му се ставија на располагање на тренерот Даниеле де Роси.

Дефанзивецот Крис Смолинг и најдобриот напаѓач Ромелу Лукаку го издржаа целиот денешен тренинг, со што покажаа дека се подготвени да се појават уште од првата минута против новиот германски првак. Тренерот Де Роси се уште нема донесено одлука, но се очекува Лукаку дефинитивно да биде стартер, додека Смолинг би можел да стартува од клупата за резерви, ако се знае дека Англичанецот поради низа повреда пропушти повеќе од половина сезона на „римската волчица“.

Лоша вест за римскиот клуб е што Лоренцо Пелегрини тренираше индивидуално, па овој значаен првотимец има само минимални шанси за настап против Баер.

Во тимот сигурно ќе го нема десниот бек Зеки Челик, кој доби црвен картон на реваншот од четвртфиналето против Милан.

Се вчитува...