Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час да си замине оваа власт

Од:

Јас бев во Собранието, а сегашниот претседател беше претседател и мислам дека многу лесно можете да донесете одлука, им порача на гласачите Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на државата поддржан од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по искористувањето на своето право на глас за претседателските избори на избирачкото место 2866 во ОУ „Коле Неделковски“ во Скопје.

-Ако се познава денот по утрото, а мислам на вчерашното утро, тогаш дојде нешто што јас на последниот ден од митингот го нареков – дојде време, дојде час да си замине оваа власт. Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат и знаат да си го искористат избирачкото право. Ако победам, а мислам дека сигурно ќе влезам во вториот изборен круг, сметам дека она што го видов од вчерашните резултати е добар граѓански показател, изјави Силјановска Давкова.

Им посака успех на сите, но додаде дека системот е чуден и дека сме ретка земја во која во вториот круг на претседателските избори има изборен праг од дури 40 отсто во парламентарен систем.

-Мислам дека на следните избори треба да ја примениме препораката на Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР за отстранување на изборниот праг од 40 отсто во вториот изборен круг. Тоа е праг што бара не само преговори и разговори, туку овозможува уцени и пазари, а јас сум против пазарна политика, порача Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Новата претседателка Сиљановска Давкова се заколна на Македонија без „Северна“

Катерина Ѓуровски

Гордана Сиљановска – Давкова прва жена и шести претседател на државата

Катерина Ѓуровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата

Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова

Катерина Ѓуровски

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ