Мбапе мора да се подготви за Ла Лига: Младиот дефанзивец на Барселона му држеше лекција сред Париз

Најдобриот фудбалер на ПСЖ, Килијан Мбапе, од следната сезона ќе настапува во Ла Лига. Барем такви се очекувањата, со оглед на тоа дека договорот со „светците“ му истекува налето, а неговиот следен клуб ќе биде Реал Мадрид. Французинот вечерва имаше можност да почувствува како е да се игра против екипа од Ла Лига, но и како е да бидеш чуван од младиот мегаталент на Барселона, Пау Кубарси.

17-годишниот дефанзивец на „каталонците“ вечерва само вторпат настапи во Лигата на шампионите, откако дебитираше на реваншот против Наполи и го воодушеви фудбалскиот свет, а вечерва одигра нова фантастична партија и тоа против еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе.

Фудбалерот на ПСЖ во текот на целиот натпревар не успеа да упати ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, доби само три од 12-те дуели против младиот каталонец, а од четирите дриблинзи, само еднаш мина крај одличниот Кубарси.

Според прикажаното вечерва, очигледно Мбапе ќе мора подобро да се подготви за предизвиците во Ла Лига следната сезона, со оглед на тоа дека шпанското првенство е далеку поквалитетно од француското.

- Оглас -

Најнови вести