Search

Граѓани, меѓу кои и мали деца, не можеле да се симнат од Водно со Жичницата поради силен ветер

 Поголема група граѓани, меѓу кои и деца денеска не можеле да се симнат од врвот на Водно со Жичницата поради силниот ветер. Од Центарот за управување со кризи информираат дека проблемот е надминат откако Жичницата била повторно ставена во употреба.
-На телефонски број за итни повици 112 во 15:40 часот добиена е пријава од лице кое се наоѓало на Водно кај Крстот, каде известува за поголема група на луѓе меѓу кои и многу мали деца кои чекаат да се симнат по жичарата, меѓутоа поради големите ветрови на истите од страна на вработените на Жичарата не им е дозволено да се симнат со лифтот, наведуваа од ЦУК.
Лицата побарале помош за симнување, посочувајќи дека биле известени од страна на вработените во Жичарата дека патот е подзамрзнат и тешко е со кола да се стигне до местото каде се наоѓале луѓето.
Треба да знаете
Последни објави