Осветен и подигнат крстот во Зрновци висок 18,5 метри, на собирот присуствуваа голем број граѓани

Во пристуство на голем број граѓани се освети крстот на ридот кај филтер станицата во Зрновци. Крстот е изработен од метална решетка, има височина од 18,5 метри, а ширината на краците изнесува 14 метри. Материјалите и поставувањето се донација од семејството на Јоце Гоцев. Локацијата е усвоена од страна на градоначалникот Борчо Коцев и Советот на Општина Зрновци. Крстот беше осветен од страна на митрополитот брегалнички господин Иларион.

„Го осветуваме овој крст кој е подигнат на оваа височина над Зрновци и кој ќе се гледа од секаде и ќе сведочи дека крстот низ вековите и денеска по страдањето христово на кое Бог се принесе како жртва за сите нас, крстот е победа над секакво зло, крстот е сила на сите нас и тој е победоносно знаме со кое ние сите победуваме“ – кажа Иларион.

Симболот на христијанската вера беше поставен по барање на жителите на општина Зрновци преку донација од семејството Гоцеви. На негово поставување, партерно уредување на просторот, осветлување и сообраќајно поврзување интензивно се работеше во текот на целиот месец.

Лаура Стојанова М-Нет