Изборите во Кочани се одвиваат во демократска атмосфера

Денеска 8 мај се одржува вториот круг на двојни избори. На гласачкото место 843 во Кочани право на глас оствариле 196 гласачи од вкуно 458 гласачи, посочи заменик претседателката. Гласањето е навремено започнато во 07:00 и гласањето досега се одвива без никакви проблеми.

„Во избирачкиот список се запишани 458 гласачи и досега своето избирачко право го имаат искористено 196 гласачи. Гласањето започна во 07:00 часот досега гласањето се одвива непречено, немаме никакви проблеми, успешен како и претходниот.“

На избирачкото место 0841 заменик претседателката изјави дека до 15:00 касот право на глас оствариле 200 гласачи од вкупно 772 гласачи.

„На време отворено, досега тече во нормална, фер и демократска атмосфера, нема никакви проблеми ,или застој во гласањето се се одвива нормлано. Запишани 772 гласачи досега гласале 200 гласачи до 15:00 часот.„ изјави Стефаноска

На територијата на државата се оддржуваат седми по ред претседателски избори и 11 по ред парламентарни избори, додека право на глас имаат 1.8 милиони граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет