Трагедија во Италија: Фудбалер се сруши на терен и почина во болница

Откако во неделата на мечот Удинезе – Рома беа забележани немили сцени, по кои фудбалерот на „волчицата“ Евен Ндика заврши во болница, голема трагедија ја потресе Италија истиот ден.

Матиа Џиани, 26-годишниот фудбалер на Кастелфиорентина, почина во Фиренца откако претрпе срцев удар во неделата. Градоначалникот на Кастелфиорентина ја објави тажна вест, и рече дека Џиани почина во Фиренца, ден откако доживеа срцев удар во петтата лига во Италија, додека играл за својот тим против Ланчиота Кампија.

Трегедијата се случила во предградие на Фиренца во 15 минута од натпреварот. За да биде трагедијата поголема, на трибините биле и неговите родители, јавува Скај 24. Медицинската екипа му пружила прва помош, каде го реанимирале и го пренеле во болница, но не успеа да ја добие најважната битка.

Се вчитува...