Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ перфектен против Зенит, Уникс го дозна ривалот за четвртфиналето во ВТБ лигата

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ одигра перфектна партија за Уникс Казан во пресметката против Зенит во ВТБ лигата.

Клубот од Санкт Петербург славеше со 83-78, но истата нема да им донесе подобра позиција во плејофот, односно го освоија третото место кое во четвртфиналето ги носи на МБА Москва. Кога е во прашање Уникс тој во четвртфиналната плејоф рунда ќе игра против Парма Перм.

Димитријевиќ на денешниот меч одигра совршено со 14 поени или поточно имаше пет од пет за два и четири од четири од пенал линијата. Имаше и четири асистенции и 1 украдена топка.

Кога е во прашање пак ЦСКА Москва на Емил Рајковиќ, „армејците“ го добија Локомотив Кубан со 94-74, односно во првата нокаут рунда ќе играат против Автодор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни