Совршен летен десерт: Мини такоси со фил од бисквити и свежо овошје

Мини амерички палачинки во комбинација со освежителен фил и овошје – идеален рецепт за освежување во летните денови.
Ако не сте од оние кои сакаат тешки, чоколадни десерти, овие мини такоси се како измислени за вас.
Наместо класични такоси, направете мини американски палачинки, подгответе го филот и додадете овошје по желба.
Потребни состојки
За палачинки (околу 12 парчиња | може да направите и палачинки по свој рецепт):
200g брашно
2 лажици шеќер
½ лажица сода бикарбона
1.5 лажица прашок за печиво
Прстофат сол
2 јајца
Околу 200ml млеко
Неколку капки екстракт од ванила
За фил:
250g маскарпоне
100ml крем за шлаг
1-2 лажици шеќер во прав
1 лажица екстракт од ванила
80g мелени бисквити

Начин на подготовка:
Измешајте ги сувите состојки за палачинките.
Јајцата и течните состојки измешајте ги додека смесата не стане пенаста и истурете ја во сувата смеса. Измешајте добро да се соедини.
Оставете ја смесата 15 минути на собна температура.
На загреана тава и премачкана со масло, на тивок оган правете по 2 мини палачинки одеднаш.
Кога ќе се појават меурчиња на горната страна, палачинката превртете ја да се испече од другата страна.
За филот, измешајте ги со миксер маскарпоне сирењето и шлагот.
Додадете ги останатите состојки за филот и измешајте да добиете соединета смеса.
Во средина на палачинките ставете дебел слој од филот, а одозгора наредете овошје по желба.
Завртете ги на половина палачинките за да добијат изглед на такоси и наредете ги тесно една до друга.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.