Ѓоковиќ: „Сантијаго Бернабеу“ е најубавиот стадион на светот (Фото+Видео)

Синоќа во ложата на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид се најдоа многу спортски ѕвезди за да го гледаат фудбалскиот спектакл Реал Мадрид – Барселона, а меѓу нив беше и најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

Новак не е во Мадрид за да игра на претстојниот Мастерс, туку за да присуствува на церемонијата „Лауреус“, каде што ќе се прогласува најдобриот спортист на светот.

Пред почетокот на Ел Класико, Ѓоковиќ имаше кратка средба со претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перес, и доби дрес со бројот 1.

Новак на „Инстаграм“ објави една фотографија со која се пофали дека е во Мадрид.

Србинот даде и интервју за клупската телевизија на Реал Мадрид и таму изјавил дека „Сантијаго Бернабеу“ е најубавиот стадион на светот.

Но, еден друг Србин не си помина толку убаво во Мадрид. На некогашниот кошаркар Дејан Бодирога, кој сега е прв човек на Евролигата, а во минатото има играно и за Реал и за Барса, изгледа повеќе при срце му се Каталонците, за кои играше подолго и со нив стана европски првак.

Кога Белингам даде гол за победа од 3-2, сите околу него, меѓу нив и тенисерот Рафаел Надал, скокаа од радост, а Бодирога седеше мирно. Оваа ситуација беше снимена и стана хит:

- Оглас -

Најнови вести