Макаби добива засилување: Илјада грла ќе ја бодрат „гордоста на Израел“ во Белград

Четвртфиналната серија помеѓу Панатинаикос и Макаби Тел Авив во Евролигата (1-1) продолжува денеска во главниот град на Србија каде Макаби Тел Авив ќе се обиде да го одбрани домашниот терен од „брејк“ и да стигне чекор поблиску до завршниот турнир на најсилното европско кошаркарско првенство.

А, за тоа „гордоста на Израел“ ќе има поддршка од илјада навивачи кои добија дозвола од израелскиот конзултат за присуство на средбата која се игра во салата „Александар Николиќ“ во Белград.

Како потсетување, поради војната помеѓу Израел и Палестина, Макаби Тел Авив домашните натпревари оваа сезона ги игра во Белград. Најголем дел од нив беа одиграни без публика, а од неодамна беше дозволен влез на 250 навивачи. За серијата против Грците оваа бројка се зголеми.

Се вчитува...