Јончевски го објави списокот на кошаркари за мечот со Естонија

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски, ги одреди 14-те играчи со кои ќе настапи на првиот меч од квалификациите за ЕП 2025,  против Естонија, во салата СРЦ „Кале“ во Скопје на 23 февруари.

На списокот на Јончевски кој првиот тренинг го закажа за 19 февруари во 18 часот, во СРЦ „Кале“ се следните кошаркари:

Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Марин Петков, сите од МЗТ Скопје Аеродром, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко и Амар Хот од Пелистер, Стојан Ѓуроски и Виктор Ефремовски од Работнички, Ненад Димитријевиќ, Уникс, Русија, Адем Мекиќ, Задар, Хрватска, Лејсон Зеќири, Башкими, Косово и Итан Хап, Гран Канарија, Шпанија.

Во групата со Македонија и Естонија, се уште Полска и Литванија која е најголем фаворит за првото место. Пласман на ЕП ќе обезбедат двете најдобри селекции во групата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО