Чилеанско-американскиот актер Педро Паскал ги крши модните правила појавувајќи се во долги чизми на премиерата на втората сезона на „The Last of Us“ во Лос Анџелес.
Дизајнирани се од Ентони Вакарело, кој работи за луксузниот бренд Сен Лоран. Тие беа претставени на модна ревија одржана во Париз во јануари. Следеа бројни реакции на социјалните мрежи, а многу дами го пофалија изгледот на Паскал.
„Сакам мажи кои не се плашат да ризикуваат“, „Храбар моден избор кој совршено му прилега“, „Единствен“, се дел од коментарите на X. Тој не е првиот познат маж кој ги носи овие чизми. Имено, ASAP Rocky го направи истото претходно.
На премиерата на споменатата серија Паскал носеше ролка, карирана јакна и фармерки кои исто така се од колекцијата на Сен Лоран.
Тој расположен позираше пред присутните фотографи заедно со неговата колешка Бела Ремзи.