Зеленски: Уривањето на браната е „еколошка бомба за масовно уништување“

од Nikola Popovski

Претседателот на Украина Володимир Зеленски синоќа пред полноќ изјави дека пукањето на браната Каховка на југот на Украина е „еколошка бомба за масовно уништување“.

Тој додаде дека само ослободувањето на целата земја од окупаторите може да биде гаранција против нови „терористички“ акти, пренесува Ројтерс.

„Таквото намерно уништување на браната и другите објекти на хидроцентралата од страна на руските окупатори е еколошка бомба за масовно уништување“, рече доцна синоќа Зеленски во своето видео обраќање.

Тој изјави дека уништувањето на браната „нема да ги запре Украина и Украинците“.

Да потсетиме, руската и украинската страна меѓусебно се обвинуваат за нападот на хидроцентралата, што доведе до излевање на вода во воената зона.

Непроверените видеа на социјалните мрежи покажуваат серија силни експлозии околу браната Каховска, а на некои се гледа како излева вода.

Слични содржини