Сочни и крцкави со месеци: Со овој трик за складирање од 18 век, јаболката ќе останат свежи подолго

Обично кога луѓето купуваат овошје и зеленчук, обично ги земаат најзрелите. Меѓутоа, доколку планирате да купите поголеми количини, треба да ги земете оние овошја и зеленчуци кои се уште не се зрели. Меѓутоа, ако се случи да заборавите да го направите ова, обидете се со еден помалку познат трик за складирање на јаболка.

Ако порано купувавте големи количини јаболка со надеж дека ќе се храните поздраво, а потоа целосно заборавивте на нив, еден корисник на социјалните мрежи сподели трик за складирање јаболка од 18 век.

На каналот на YouTube „The Acadian Garden & Apothecary“, таа сподели како правилно ги чува јаболката, па тие остануваат сочни и крцкави со месеци.

„Прекрасен начин за зачувување на здрава храна без конзервирање, дехидрација или ладење“, стои во описот на видеото.

За да се зачува јаболкото, мора да биде така да се каже „совршено“, односно без исеченици или оштетувања, а стеблата исто така да бидат недопрени.

Неопходно е да се чуваат во сув и воздушен материјал како струготини(пилевина), некои зрна или на топло сушен песок. Можете да користите и стари весници. Завиткување на јаболката поединечно во весник ќе спречи едно лошо јаболко да ги уништи другите.

Потоа ставете ги на ладно и суво место, но колку што е можно подалеку од компирите, бидејќи тие произведуваат гас што предизвикува јаболката побрзо да созреваат. Сепак, овој метод најдобро функционира кога користите свежо набрани јаболка, а не купени во продавница. Тоа е затоа што јаболката купена на пазар најчесто се прска со разни хемикалии.