Ковачки: За Општина Карбинци се предвидени 1.8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура!

Општина Карбинци ќе добие 1,8 милиони евра финансиска поддршка за сообраќајна и комунална инфраструктура, посочи денеска од Долни Балван, носителот на ИЕ3 Драган Ковачки. Дециден е дека во програмата на ВМРО ДПМНЕ се предвидени 250 милиони евра за сите општини во државата.

„Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за нашите општини за сите општини во државата без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе дадеме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура. Дополнително општините ќе се градат и ќе се развиваат. Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во четиригодишен мандат за земјоделците, што значи реконструкција на сите водоводни канали и да го решиме проблемот со водоснабдувањето“ – додава Ковачки.

Во оваа прилика Ковачки посочи дека ќе се отвораат и нови откупни центри, со цел земјоделците да можат сами да си ја работат земјата и тоа да им биде исплатливо.

Лаура Стојанова М-Нет