Кер станува најплатен тренер во историјата на НБА лигата

Стив Кер, кој го предводеше Голден Стејт Вориорс до четири шампионски титули во НБА лигата, ќе стане најплатениот тренер во историјата на лигата бидејќи за две години ќе заработува 35 милиони долари.

Кер се договорил за продолжување со раководството на Вориорс по истекот на неговиот актуелен договор на крајот од тековната сезона, со што ќе остане тренер до крајот на сезоната 2025/26 и ќе добива 17,5 милиони по сезона, според француските новинакса агенција AFP.

Истовремени спортската мрежа ESPN, повикувајќи се на неименуван извор, додава дека тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Попович, ќе добива повеќе пари на годишно ниво, но тој покрај тренерската ја извршува и функцијата претседател на клубот.

Педесет иосумгодишниот Кер дојде во Голден Стејт во мај 2014 година, меѓу 2015 и 2019 година го водеше тимот до финалето на НБА пет пати по ред, а ја освои титулата во 2015, 2017 и 2018 година и четврта во 2022 година. Како играч, тој беше петкратен шампион во НБА лигата, трипати со Чикаго Булс и двапати со Сан Антонио Спарс.

Кер, исто така, ќа ја води селекцијата на САД на Олимписките игри во Париз ова лето.