Се враќа ЛШ: Сити и Реал тргнуваат во поход на Европа

По двомесечна пауза продолжуваат возбудувањата во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ). На двата вечерашни натпревара (почеток во 21 часот) ќе ги видиме можеби главните фаворити за освојување на трофејот, Манчестер сити и Реал Мадрид.

Актуелниот европски шампион, Манчестер сити му гостува на Копенхаген, а најтрофејниот, „кралскиот клуб“ на Лајпциг, каде зимава се пресели македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Реал имаше одлично загревање за дуелот победувајќи го минатиот викенд директниот ривал за титулата во Ла лига, Џирона со 4:0 на домашен терен.

Но успехот на „кралевите“ остана во сенка на повредата на Џуд Белингем. Англискиот интернационалец постигна два гола, но беше принуден да го напушти теренот, а според последните информации го чека пауза од околу еден месец.

Во меѓувреме, Сити, кој стигна до посакуваниот трофеј на најпрестижниот клупски турнир во Европа минатата година по победата над Интер од 1:0, има навидум лесна задача против дански Копенхаген.

„Граѓаните“ ја продолжуваат битката на три фронта, тие се на чело на Премиер лигата, имаат шанси да го одбранат трофејот во ФА купот и секако титулата во ЛШ.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ (први средби, 21 часот)

Копенхаген – Манчестер сити; Лајпциг – Реал Мадрид

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО