Објавено видео на кое двајца израелски заложници во Газа бараат од Нетанјаху да најде начин да ги ослободи

Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, објавија видео на кое се гледаат двајца заложници заробени на 7 октомври, кои бараат од израелската влада предводена од Бенјамин Нетанјаху да најде начин да ги ослободи.

Видеото содржи разговор со Кит Сегал (64) и Омри Миран (47), кои зборуваат за тешките услови што ги доживеале при израелското бомбардирање во Појасот Газа, пренесува Анадолија.

Објавена и изјавата на израелскиот премиер Нетанјаху, кој рече: Само континуираниот воен притисок ќе доведе до ослободување на сите заложници.

Цитирана е и изјавата на министерот за одбрана Јоав Галант, кој изјави: Колку повеќе се зголемува воениот притисок, толку се поголеми шансите да дојдеме до вашите најблиски.

Бригадите Ал-Касам во видеото велат дека воениот притисок што го изврши Израел доведе до смрт на десетици заложници во Газа, а останатите ги лиши од прославата на еврејската Пасха со нивните семејства. „Вашите нацистички водачи не се грижат за судбината на вашите заробени синови и нивните чувства. Сфатете го ова пред да биде предоцна“, се заканија припадниците на Хамас, организација која е прогласена за терористичка во ЕУ и во САД.

Back to top button
Close