Во трка за титулата два македонски тима во футсал даваа и по 60 и 70 голови на натпревар

Два натпревари во македонската футсал лига, завршија со победа од над 60 гола разлика. КМФ Арбен Бајрами и КМФ Проект имаа ист број бодови на табелата, па во битката за титулата се тркаа со подобрата гол разлика.

Арбен Бајрами го победи Јувентус Серава со 75:1, а Проект беше подобар на гости против Енхалон со 62:2. За многумина ваквите резултати се спорни, па сега чекаат на реакција од федерацијата. За потсетување, во ноември минатата година КФМ Проект го победи Енхалон, со 4-0, а Арбен Бајрами во првиот дуел сезонава со Јувентус Серава го победи со 11-5.

Scroll to Top