ТРАМП ПРВПАТ КАЖА ДЕКА ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД

    ТРАМП ПРВПАТ КАЖА ДЕКА ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САДТрамп се пожали дека европските земји не даваат доволно пари за да ѝ помогнат на Украина (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека преживувањето на Украина е важно за САД, што претставува промена на тонот во пресрет на клучното гласање за нацрт-законите за странска помош во Претставничкиот дом, кои опфаќаат и помош за Украина од 61 милијарда долари.

    Бившиот претседател на САД притоа не даде отворена поддршка за пакетот и се пожали дека европските земји не даваат доволно пари за да ѝ помогнат на Украина.

    Минатата година кога го прашаа за војната, Трамп не се изјасни дали би сакал Украина да победи, па ова се смета за едно од неговите први признанија дека опстанокот на Украина е важен безбедносен интерес на САД.

    „Зошто Европа не би давала исто пари колку САД за да ѝ се помогне на Украина? Како што сите се согласуваме, преживувањето на Украина е поважно за Европа отколку за САД, но е важно и за нас“, напиша Трамп на својата социјална мрежа, ден откако се сретна со полскиот претседател Анджеј Дуда во Њујорк.

    Спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, кој е републиканец, најави дека овој викенд би можело да се гласа за четири одделни нацрт-закони за помош на Украина, Израел и Индо-Пацификот, иако некои републиканци се заканија дека ќе го сменат ако го дозволи тоа. Најголем дел е предвиден за Украина, што во Конгресот е блокирано веќе со месеци и значително се одразува врз ситуацијата на фронтот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира