Интервју со Epidemik: Во Скопје доаѓаме за прв пат и едвај чекаме да излеземе на сцената

Epidemik се cover бенд од Нови Сад. Весела дружина која ги обединува љубовта кон музиката. Во петок доаѓаат за прв пат во Скопје и ќе ја почестат публиката со нивниот експлозивен трибјут на легендарната американска рок група Pearl Jam.  Во пресрет на концертот во петок на 29 март 2024 година, во клубот Станица 26 во Скопје, поразговаравме со Epidemik. И да, и ние едвај чекаме да ги видиме и чуеме, а во меѓувреме уживајте во интервјуто со нив.

Од кога постои Epidemik, чија беше идејата да се формирате и кои се членови на бендот?


  • Бендот во оваа постава постои од 2017 година. Се познававме пред да формираме бенд, па нашата љубов кон музиката, дружењето и свирењето не доведе на идеја да основаме бенд и да го правиме она што најмногу не исполнува. Членови се: Александар Богдановиќ-Чуфи вокал и гитара, Никола Никиќ и Невен Жељковиќ на електрична гитара, Марко Чизмар на бас гитара и Угљеша Чубрило на тапани.

Името на бендот ви е некоко пророчко, формирани пред пандемијата, дали знаевте што не чека и сакавте суптилно да не предупредите?

  • Така е, но никој не не слушаше! Шегата настрана, името на бендот сега се поврзува со најстрашното нешто што се случило во овој век, а идејата беше нашиот звук и енергија да се рашират како епидемија. Сепак, доколку повеќе луѓе слушаат ваква музика, веруваме дека тоа позитивно ќе се одрази на општеството воопшто.

Свирите трибјут на Pearl Jam и на бендовите од златната ера на гранџот. Дали е тоа музиката со која што сте пораснале и која сеуште ве инспирира?


  • Секако, да беше поинаку, ќе свиревме нешто друго. Сметаме дека музиката, креативноста, пораките и пристапот на тие бендови сеуште се актуелни и релевантни и секогаш можеме да слушнеме нешто ново во песните што сме ги слушнале стотици пати. Сметаме дека ќе ни останат како вечна инспирација и во музиката и во животот.

Што е она што и недостасува на балканската сцена?


  • Од каде да почнеме…На луѓето им недостасува дух, страст, иницијатива и идеи за кои вреди да се бориме. Се се сведува на забава. Сметаме дека на балканската сцена пред се и треба шанса, а потоа доза сериозност. Значи, ајде малку помалку да се забавуваме и да се обидеме да направиме нешто покомплексно и сериозно.

Каде се сте настапувале досега?

  • Нови Сад, Белград, Лазаревац, Кикинда итн. Главно во градовите низ Србија.

Кој настап ви останал во сеќавање и би го издвоиле од останатите настапи?

  • Го нема тоа кај нас. Живееме и уживаме во секој момент на нашите настапи поготово кога гледаме насмеани лица како пеат во еден глас со нас.

Како ја оценувате моменталната алтернативна сцена во Нови Сад и во Србија?

  • Има многу навистина добри кавер бендови кои одлично си ја работат работата. Што се однесува до авторските бендови, има доста, но нема многу места каде што можат да настапат. Сепак во последниве години, ситуацијата е малку подобрена, така што има трошка надеж за луѓето кои творат и создаваат своја авторска музика.

На 29-ти март доаѓате во Скопје. Прекрасна можност да се претставите пред скопската и македонска публика. Што може да очекуваат присутните таа вечер од Epidemik?

  • Сè што Pearl Jam претставува и значи! Очекувајте многу енергија, емоции и добра музика.

Што знаете за нашата земја и за Скопје? По што е препознатлив за вас?

  • Како прво, знаеме дека сте земја на музиката. Знаеме за вашите вина и гостопримство. Неколкумина од нас го посетиле Охрид. Знаеме за Влатко, Тоше, но и за Дамјан Пејчиновски, кој е извонреден гитарист. Слушнавме за спомениците, за трагичниот земјотрес што го има погодено вашиот главен град, како и за тоа дека во Скопје за еден ден може да стекнете пријатели кои ќе ви останат за цел живот.
    И, имаме позитивна трема затоа што ќе настапуваме пред скопската публика. Во Скопје доаѓаме за прв пат и едвај чекаме да излеземе на сцената.

Дали знаете нешто за македонската рок сцена и дали сте имале прилика да слушнете некој македонски бенд?

  • Излишно е да се спомнуваат Влатко и Леб и Сол, нели? Секој што допрел гитара на Балканот не можел да побегне од влијанието на Влатко. Што се однесува до поновите бендови, не сме биле во можност да слушнеме за нив од едноставна причина што нивната музика тешко доаѓа до нас. За среќа сега дознавме за The Ooz и сме многу среќни што ќе имаме прилика да ги запознаеме. Ни се допаѓа нивната музика и многу не интересира како ќе звучат во живо.

Дали сте размислувале да издадете свој авторски материјал или продолжувате како cover band?

  • Да, конечно се создадоа услови за такво нешто. Во наредниот период активно ќе работиме на нашите песни и нивно објавување, но нема да го запоставиме се тоа што го направивме досега.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …