Македонија

(Видео) „Трендот е тој низ цела Македонија“, одговори Спасовски на прашање како СДСМ стана трета партија по гласови во Куманово

Ексминистерот за внатрешни работи и носител во ИЕ 2 на СДСМ, Оливер Спасовски прашан во подкастот „Претрес со Ландов“, како ја доведоа партијата да биде трета по гласови во Куманово, одговори: „Ако анализираме по состојбите какви се по првиот изборен круг, мислам дека трендот е тој, кој што е во цела Македонија“.

„Секако треба да се направат и детални анализи до еден таков тренд. Имам претпоставка, дека стојат генерални причини кои прават перцепција, една од причините можеби се уставните измени, францускиот предлог – како генерална причина. Состојбата со коалицијата со ДУИ изминатиот период исто така можеби е една од причините. Секако дека постојат и низа други причини за еден ваков изборен резултат“, рече Спасовски.

Спасовски рече дека треба да се види што ги нервира луѓето, деталите видете ги во подкастот каде зборуваше и за други актуелни теми:

На почеток