Барселона синоќа не се прости само од ЛШ, туку и од новото клупско натпреварување

Барселона синоќа беше елиминирана во Лигата на шампионите откако на „Монжуик“ доживеа убедлив пораз од 4:1 од ПСЖ, но со поразот не се прости само од елитното европско наптреварување, туку ја загуби и шансата да игра на новото натпреварување на ФИФА, Светското клупско првенство кое ќе се одржи идната година.

 

Ова натпреварување ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули идната година, а ќе играат 32 екипи. Од Европа ќе има 12 екипи, од кои 11 веќе се познати.

Тоа се последните три победници во ЛШ, Челси, Реал Мадрид и Манчестер сити, а останатите според рејтингот и тоа се Баерн Минхен, Интер, ПСЖ, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус и Атлетико Мадрид.

Последен учесник ќе биде австрискиот Салцбург и тоа доколку Арсенал не ја освои Лигата на шампионите.

Конмебол ќе даде шест екипи, од Северна и Централна Америка, од Африка и од Азија ќе учествуваат по четири екипи и тоа шампионите на најквалитетното континентално клупско натпреварување (Лига на шампиони) во период од 2021 до 2024 година.
Прв домаќин на Светското клупско првенство ќе биде САД, а секоја екипа за самото учество ќе добие по 50 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести